Сопругата и нејзиниот љубовник осомничени за убиството на грчкиот амбасадор

by fokus

Грчкиот амбасадор Кирјакос Амиридис, кој исчезна пред три дена, беше пронајден мртов во изгорен автомобил во предградието на северниот дел на Рио де Жанеиро.

Истражителите од Рио де Жанеиро се сомневаат дека грчкиот амбасадор во Бразил бил убиен по нарачка на неговата сопруга и полицаец со кој таа имала афера, објави телевизијата „Глобо“, повикувајќи се на полициски избори. И двајцата се приведени на сослушување.

Ни грчката амбасада во Бразил, ниту полицијата и грчките претставници не сакаат да ги коментираат наводите на телевизијата „Глобо“.Телевизијата наведува дека се притворени уште две осомничени лица, но оти не се идентификувани.

Поврзани новости