ДПА: Горди сме што уште постоиме

by fokus

Демократската партија на Албанците имаше многу лоша година, а надворешни и внатрешни фактори постојано работеа против партијата, се пожалија денеска од ДПА на новогодишното обраќање.

Секретарот на ДПА, Азем Садику рече дека одредени центри на моќ работеле против нив и против албанските интереси. Сепак, истакна дека се горди што како партија никој не успеал да ги избрише од политичката сцена.

– Сме кажале дека оваа војна од центри кој се води против Албанците во Македонија, се идентификува со војната која со децении се води против ДПА, бидејќи тие центри знаат колку е послаба ДПА, толку полесно ги остваруваат своите непријателски цели кон Албанците – изјави Садику.

Садику посочи и дека ДУИ е најголемиот губитник од овие избори, а Алијансата за Албанците ја обвини дека работела за други интереси и нејзина цел била да се спречи големата победа на ДПА.

Поврзани новости