Сопруга на функционер на ВМРО-ДПМНЕ ќе им суди на Груевски и Мијалков

by fokus

Судот и додели пет предмети за кои СЈО денеска поднесе обвиненија, на судијката Моника Бахчовановска, која е сопруга на висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски, актуелен директор на Лотарија на Македонија.

На Бахчовановска, и се „паднаа“ предметите  „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“ за Драган Павловиќ и Ивона Талевска, како и „Титаник“ против раководството на ВМРО ДПМНЕ за изборни злоупотреби и „Тортура“ против Сашо Мијалков за апсењето на Љубе Бошковски и негово измачување.

Оваа судијка во јавноста е позната  и по тоа што донесе одлука со која правно лице прати во затвор за клевета.

Од Судот соопштија дека надлежноста за предметите е доделена  „преку автоматска распределба“.

Поврзани новости