СЈО очекува судиите да постапуваат непристрасно и во рамки на законот

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) засега се воздржува од коментар по распределбата на предметите кај шестмина судии во Кривичниот суд. На прашање на НОВА ТВ, од СЈО само кусо одговорија дека очекуваат судиите да постапуваат непристрасно и во рамки на законот.

НОВА ТВ дознава дека целиот процес од доставување на обвиненијата, распределбата на предметите и одлуките на судиите е под силен мониторинг, со оглед на важноста на случаите не само за СЈО, туку и за целата јавност.

Според информациите на НОВА ТВ, утре дополнително во Кривичниот суд ќе бидат доставени случајот „Таргет“ и дополнителни материјали за случајот „Титаник“, со што ќе се комплетираат сите завршени предмети од СЈО со обвиненија и ќе зависат од одлуките на судиите.

Поврзани новости