Сопатничката на Диме Спасов која била со него за време на сообраќајните несреќи кои ги предизвика заменик-министерот, три пати ја го менувала исказот во полиција, брифираат полициски извори, а пренесува МКД.
Вчера сопатничката на Спасов, Т.К. во полиција дала трет исказ. Првиот бил дека Спасов го возел џипот и не биле нападнати. Веќе во саботата Тамара К. се предомислила и изјавила дека шофер од Министерството за труд и социјала, М.Т., го управувал џипот ден пред тоа. Тамара изјавила дека била под стрес и затоа кажала дека возел Спасов.
По интервјуто на Спасов за ТВ Нова и по објавувањето на снимките за инцидентот од петокот вечерта, Тамара дала трет исказ – џипот сепак го возел Спасов и биле нападнати. И овојпат причината за сменетиот исказ било влијанието на стресот од првата вечер.