Совозачот од „Пасатот“: Одевме по Спасов да ја видиме регистрацијата и да го пријавиме, тој не можеше да вози право

by fokus

Сопатникот во возилото во кое според полицискиот извештај, Диме Спасов удрил кај Градскиот парк, во изјава за Дојче Веле вели дека се што кажал заменик-министерот е лага.

-Одевме кон паркот кога не удри возило и наместо да застане, продолжи да вози како ништо да не се случило. Поради тоа, свртевме и тргнавме по него, за да му ја видиме регистарската табличка и да го пријавиме во полиција. Се јавивме, го пријавивме бројот на табличката и долго време бевме на телефонска линија со полицијата. Кога возачот запре на семафор, излеговме да му кажеме да застане и да се паркира настрана. Но, тој не застана. Тргна и покрај тоа што во тој момент стигна и полициско возило со ротациски светла. Притоа, не можеше ни да вози право по сообраќајната лента, туку цело време шеташе лево – десно, што укажуваше дека најверојатно е пијан. При тоа бегање удри уште едно возило, раскажува Даут Динарица.

Тој вели дека не знаеле кој е возачот, се додека полицијата не го легитимирала. Негира дека му се заканувале со пиштоли и вели дека по запирањето полицијата и ним им извршила претрес и притоа не нашла никакво оружје.

Поврзани новости