Жељко три дена ќе им пее на скопјани

by fokus 11:56
11:56
 Српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ ќе одржи три концерти во Скопје, и тоа на први, втори и на трети декември во МОБ, а ќе биде придружуван од оркестар со 40 члена.

Тој во Скопје ќе го промовира новиот проект „Два света”, кој го носи името по легендарната песна од Тома Здравковиќ ,,Два света сме различни“, која ја преработи во џез-свинг варијанта, што е и темата на неговиот нов проект.

- Advertisements -

За време на концертите Жељко ќе ги пее своите песни и хитовите на неговите колеги како џез преработки во акустична варијанта.По настапите во Скопје, Јоксимовиќ со „Два света” продолжува да настапува низ театрите во сите поголеми градови на поранешна Југославија. Концертите ги организира продукцијата ,,Прагма мјузик ентертеинмант“.

Минатиот месец тој имаше настап во Велес, на манифестацијата Велешка пастрмајлијада. Тоа беше само еден од низата концерти на популарниот пејач, кој во Македонија доаѓа и по десеттина пати годишно, во поголемите градови и пее најчесто на општински манифестации.

Пред неколку недели, по повод забраната за емитување на музика од српски автори во земјава, јавно се огласи и го изрази своето незадоволство, прашувајќи ги надлежните од СОКОЈ со кое право ги забраниле песните, без воопшто да бидат запрашани авторите. Инаку, покрај тоа што е автор на повеќето свои песни, тој пишува и за десетици српски изведувачи.

 

В.К.
 

Поврзани новости