Сообраќајот се одвива непречено, наместа пo влажни коловози, задолжителна е зимска опрема

by Fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, наместа по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември за сите возила е задолжително носењето на зимска опрема, без оглед на временските услови.

Инаку утре, од 12 до 16 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница – мост на река Блидеш поради минирање за потребите за изградба на Експресен пат А2 делница Длабочица Чатал. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат.

Поврзани новости