Сообраќајот блокиран до 11 села кај Македонски Брод

by Fokus

Патниот правец Македонски Брод – село Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Поврзани новости