Река – Албанија не ви се меша, туку се грижи за Албанците во странство

by Fokus 11:09
11:09

Албанија има уставна обврска да се грижи за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на земјата. Не се работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците од Македонија, вели албанскиот амбасадор, Фатос Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Од наша гледна точка сигурно дека ова не претставува никакво мешање во внатрешните работи на Македонија, поради фактот што албанските политички партии од Македонија, како што знаеме сите, по предвремените избори од 11 декември од минатата година го имаат резултатот кој веќе се знае. Несомнено албанските политички партии во овој случај имаат една предност во однос на појавување на можниот сојузник во составување на владата, на нивните барања, чиј еден дел, проследено од Охридскиот договор, останале сè уште нереализирани – вели Фатос.

- Advertisements -

Тој вели дека Владата и албанската држава имаат уставна обврска да се грижат за сите нивни сонародници кои живеат надвор од територијата на Албанија.

– Во ова прилика албанските политички партии отишле да се консултираат во Тирана, исто и во Приштина, со претседателот Тачи. Како што нагласил и премиерот Рама, за Албанците, за Албанците во Македонија, не се толку битни фотелјите на власта, значи за учество во владата, за заштитата на сите права на Албанците во согласност со Уставот на Република Македонија и на Рамковниот охридски договор – додава албанскиот амбасадор.

Поврзани новости