Сообраќајната полиција ќе нè снима

by fokus

Со новиот мобилен систем, кој беше промовиран денеска, сообраќајните полицајци ќе бидат опремени со видео камери за да го снимаат нивното постапување.

Овој проект денеска го презентираа министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли.

Целта е, како што посочи министерот Чавков, МВР да има увид дали сообраќајците постапуваат согласно правилата и да се спречат злоупотреби како мито и корупција.

Станува збор за заеднични пилот проект на ИЦИТАП – Одделот за правда на САД во Македонија и на Министерството за внатрешни работи.

Донацијата е во вредност од 65.000 американски долари, а веќе е започната и обуката на полицајците.

Поврзани новости