Почна да се гради населбата „Александрија“, за кумот подарок гарсониера

by fokus

Во Скопје денеска беше поставен камен-темелник на новата еко-населба која ќе го носи името „Алексаднрија“. Населбата се гради во Ѓорче Петров, а сите згради на покривите и на дел од терасите ќе имаат зеленило.

Кумот на новата населба која ќе се простира на 150 илјади квадратни метри беше избран по пат на ждрепка, бидејќи името Александрија го предложија повеќе од 30 учесници по јавниот повик за крштевање на населбата.

Беше извлечен Сашо Ендровски, кому инвеститорот на населбата, Фабрика Карпош, му подари гарсониера како благодарност за името. Кумот објасни како ја добил инспирацијата за да го предложи ова име.

-Моментално работиме на преводот на Каменот од Розета и древното македонско писмо, и се сетив дека каде и да одел Александар Македонски градел градови кои го носат името Александрија. Бидејќи кај нас нема ниту едно облежје со ова име сметав дека би било убаво населбата да го носи токму ова име, рече Енрдовски.

Еко-населбата „Александрија“ се планира да биде завршена во јули наредната година, а во неа ќе може да живеат 20.000 семејства.

Поврзани новости