Сообраќајка со загинати на патот Охрид – Пештани

by Fokus

Денеска во 18 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум над хотелот Десарет кај Пештани настанала тешка сообраќајна несреќа во која во директен судир меѓу комбе и мотор најверојатно има двајца загинати.

13900538_1575326966096368_1018977119_n

Според првичните информации, од очевицидите возачи, на моторот биле двајца, а неофицијално и тие двајца се загинати. Во моментот телата и моторот се покриени, а полицијата веќе е излезена на терен. Иако, се уште не е потврдено комбето било со странски регистарски таблички.

13942273_1575327129429685_1383373583_n

 

Eден час е сообраќaјот затворен и има километаrски колони и кон Oхрид и Свети Наум.
13936764_1575327132763018_806334256_n

фото Фокус

 

 

 

 

 

 

ф

Поврзани новости