Сообраќајка кај Никиштани, три лица хоспитализирани

by fokus

Вчера претпладне, три лица биле хоспитализирани откако се здобиле со повреди во сообраќајка, пренесува МВР.

„На 20.10.2019 во 11.40 часот, на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и локален пат за с.Никиштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од с.Никиштани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф“ и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Поврзани новости