Таткото на Боки 13: Не сум Силвестер Сталоне, па за една минута да го истепам попот

by fokus

Таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, Миле Јовановски, не се чувствува виновен ниту во случајот „Рекет“, ниту во судската постапка која се води против него со обвинение дека му нанел тешки телесни повреди на попот Виктор Стојчев поради паркинг место.

По денешното рочиште тој за медиумите изјави дека не е возможно да го повредил попот.

-Не се чувствувам виновен. Јас не сум Силвестер Сталоне па за една минута да го истепам  – рече Јовановски.

Прашан за случајот „Рекет“ каде е осомничен во проширената истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Јовановски рече дека „не знае ништо“ и дека „нема поим“.

Боки 13 е сведок постапката за попот Стојчев, но не бил повикан на денешното судење поради економичност на постапката.

Судењето беше одложено затоа што обвинителката, Имран Османи, не се појави на рочиштето, иако, како што рече судијката, била уредно поканета.

Поврзани новости