409
Патот Градско-Прилеп утрово беше два часа во прекин, откако се случи сообраќајна несреќа кај место „Раец“. Две лица се повредени и префрлени во болницата во Кавадарци.
Час и половина по сообраќајката осообраќајот започна да се одвива по една лента, наизменично, инфомираат од АМСМ
Освен тоа, поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север.
Поради невремето што го зафати скопскиот регион од саботата во прекин е и сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај.