Ден на жалост во Македонија по невремето кое зеде 21 жртва

by fokus 10:00
10:00

Во чест на загинатите 21 лице кое животот го загубија во големото невреме кое ги зафати Скопскиот и Тетовскио регион,  Македонија денеска одбележува Ден на жалост.

Последната информација од Министерството за внатрешни работи вчера беше дека од  пронајдените 21 лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не беше идентификувана. Загинатите се во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.

На вчерашната вонредна седница, Владата донесе одлука на семејствата со загинати да им додели еднократна парична помош од 300.000 денари, а претходно такви одлуки донесоа Градот Скопје за 180.000 денари и општина Гази Баба за 100.000 денари.

На истата седница, прогласена беше и кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во наредните 15 дена.

Поврзани новости