Веќе неколку денови постојат препукувања меѓу СОНК и министерот за образование Абдулаќим Адеми на тема – кој им дава плата на работниците за време на штрајк? Првиот човек во образованието упорно тврди дека за штрајкувачите нема плати или плата треба да им исплатат од СОНК, додека синдикалниот лидер Јаким Неделков ја демантира неговата изјава.
– Согласно член 241 од ЗРО организаторот на штрајкот „може да обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците??? Толкувањето на одредбите од овој член се дека законодавецот не пропишал дека задолжително обврската е на организаторот на штрајкот, туку со употреба на терминот „може“ оставил простор преку Колективен договор синдикалната организација, секоја посебно да го регулира ова право. Во конкретниот случај Синдикатот –СОНК има потпишано Колективен договор за вработените во основно образование и тоа член 54 од истиот и Колектгивен договор за вработените во средно образование по член 51 од истиот, кои го регулираат и толкуваат правниот вакуум по член 241 од ЗРО, на начин што согласно овие два колективни договора обврската за исплата на плата за работниците за време на штрајкот е обврска на работодавачот – се наведува во соопштението од СОНК.
Од таму тврдат дека согласно колективните договори за основно и средно образование, јасна е и неспорна обврската на работодавачот, за плаќање на дневницата и за време на штрајкот.
– Потврда на ова е и фактот што ова законско решение беше и во 2008 година, кога СОНК беше во осумдневен генерален штрајк, а за тие денови согласно Колективните договори, дневниците ги плати работодавецот – се наведува во демантот.