И да не го добиете хонорарот навреме, до 15-ти во месецот ќе мора да ги платите давачките кон државата!?

by fokus

Со новото оданочување на хонорарите, кое стапи на сила од 1 јануари годинава, од Управата за јавни приходи појаснува дека давачките кон државата треба да се подмират најдоцна до 15 во месецот, без разлика дали хонорарецот ги зел или не парите.

„Имено, укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок. Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен“, велат од УЈП.

Од Управата додаваат и  дека денеска на нивната веб страница го објавиле клиентскиот софтвер за пресметка во кој ќе бидат вградени сите новини во врска со пресметките на придонесите за договорите за дело и авторските договори, како и насоки за поднесување на пресметките.

tabela-5

Од УЈП уште еднаш повторуваат дека за овие хонорари, освен персоналниот данок од 10 проценти, ќе треба да се издвои и 18 проценти за пензиско и инвалидско осигурување, и 7,3 проценти за задолжително здравствено осигурување, или вкупно 35,3 проценти.

Оваа обврска ќе ја имаат сите хонорарци кои месечно ќе земаат хонорар повисок од минималната плата.

лице со еден договор

tabela-2

лице со повеќе договори

tabela-3

Поврзани новости