Сите просветни работници во среда ќе излезат на јавни протести со цел да извршат дополнителен притисок врз Министерството за образование да седнат на преговарачка маса, а во меѓувреме штрајкот на СОНК продолжува.
– Тој протест некаде ќе биде протестен марш, а некаде собир на нашето членство на едно место. Ќе биде предупредувачки , па доколку ресорните министерства и понатаму не покажат слух за преговорите со СОНК тој ќе премине во јавен протест кој ќе се одржи во петок во Скопје – истакна Јаким Неделков претседател на СОНК
Според него, дел од членството на СОНК кое е веќе две недели во штрајк нема да се откаже од барањата, особено не од најспорното – измена на моделот на екстерно оценување и покрај како што рече, секојдневното зголемување на притисоците.