ОМ: Груевски не е Македонија, не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку човек кој сите ги држи во заложништво

by Фокус

Обединети за Македонија уште еднаш ја искажаа својата поддршка и учество во борбата за демократизација на земјата, предводена од господинот Зоран Заев и СДСМ. Според нив, сега не е време за нагласување на идеолошките и други разлики кои постојат кај опозицијата и опозиционо настроените групи и граѓани.

– Ова е време кога се загрозени основните начела и принципи за кои се залагаме: слобода, демократија и правичност. Уште еднаш ги повикуваме сите членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ кои ги споделуваат овие начела да ни се придружат. Никола Груевски не е Македонија, не е ниту ВМРО ДПМНЕ, тој е човек кој сите нè држи во заложништво и време е заедно да му кажеме гласно „НЕ“! Во овие моменти сите добронамерни критики кон раководството на опозицијата, дури и оние оправданите нанесуваат штета на нашата борба и цел, затоа сметаме дека единствена цел на нашите критики треба и мора да биде режимот и партиската врхушка на Груевски. Вистината ќе победи! Да живее слободна Македонија! – се наведува во соопштението од ОМ.

Поврзани новости