Сончево време не очекува денеска

by Fokus

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Попладневните температури ќе се движат до максимални 22 степени.

Поврзани новости