Сончево, со слаб ветер, температури до 12 степени

by fokus

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Во утринските часови ќе дува слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Од утре ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. Утре, како и во втората половина од следната седмица по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Поврзани новости