На Тачи му се заканува доживотен затвор ако се потврдат обвинувањата

by fokus 22:24
22:24

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство во Хаг, Џек Смит, во писмо до претпретресниот судија Никола Жилу, наведе зошто Хашим Тачи треба да се стави во притвор.

Смит вели дека, доколку дојде до потврда на обвиниението, тој може да добие доживотна казна затвор.

Banner Renault 300x250

Во писмото, објавено на официјалната страница на Специјалниот суд, се наведува дека постои страв дека поранешниот косовски претседател може да избега откако беше објавено непотврденото обвиенение, пренесува „Репортери“.

Смит, во писмото пратено до судијата твди дека Тачи може да направи и други кривични дела и да ги спречува посебните постапки, а истакнува и дека обвиненијата, кои се потврдени во Специјалниот суд, може да доведат до доживотен затвор на доскорешниот косовски претседател, пренесе Косово онлајн.

Ова писмо покажува инсистирање на главниот специјален обвинител дека Тачи треба да се уапси и да се прати во притвор.

Поврзани новости