Сончево со мала локална облачност и температура до 17 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 5 до нула степени, а во текот на денот од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

За утре, во прогнозата на УХМР се вели дека времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а на места во источните делови од земјата повремено засилен ветер од јужен правец. И во Скопје утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде до 17 Целзиусови степени.

Поврзани новости