Сончево и топло време, температурата до 32 степени

by Fokus

Метеоролозите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец.

Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.

УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје и во околината сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

– Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи – информираат од УХМР.

Поврзани новости