Сончево и топло време со температури до 29 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала и локална облачност. Ќе дува слаб и доумерен ветер од северен правец, минималната тепература ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со слаб доумерен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До почетокот на следната недела ќе се задржи сончево и топло време со мала локална облачност. Од следната среда се очекува промена на времето, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Поврзани новости