Казнети 137 возачи во Скопје: 43 за брзо возење

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости