Сончево и топло време со температура до 29 степени Целзиусови

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло. На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 километри на час.

Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје и во околината сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До средината на следната седмица ќе се задржи стабилно и релативно топло време.

 

Поврзани новости