Сончево и топло време со слаб ветер

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурата наутро ќе биде од 8 до 14 Целзиусови степени, а попладне од 22 до 33 степени. УВ индексот денеска ќе биде 8.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 31 степен.

Во деновите од викендот, според прогнозите на УХМР, се очекува времето претпладне да биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои место можно е и појава на невреме.

Температурата ќе биде од 23 до 34 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.

И во Скопје викендов се очекува претпладне времето да биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината во форма на невреме.

Поврзани новости