Сончево и топло време и денеска, од утре попладне следува заладување

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, прогнозираат од УХМР.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 32 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде 11 степени, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

За утре се очекува претпладне времето да биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје, утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува облачноста да се зголеми, а кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата утре ќе биде од 6 до 11 степени наутро, а во текот на денот од 15 до 28 Целзиусови степени.

Поврзани новости