Кузеска: Коментарот за Силјановска е навредлив и го осудувам и јас и Пендаровски

by fokus

По повод коментарот на еден од присутните на митингот на кандидатите на претседател во Куманово, сакам да бидам транспарентна и искрена кон целата јавност. Пред сѐ, поради масовноста на митингот за жал не успеав целосно да го слушнам коментарот на еден од учесниците и да го спречам, објави на својот Фејсбук профил, портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска која сега ја води кампањата на актуелниот и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

-Тие кои ме познаваат и како поддржувачи на партијата на којашто сум гласноговорник, но и од сите други политички партии, знаат дека остро ги осудувам коментарите кои се навредливи за жена и знаат дека сум гласна во борбата против говор на омраза кон жените. Така е и во овој случај. Коментарот е недоличен, навредлив и го осудувам. Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, напиша Кузеска.

ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение во кое ја обвини Кузеска и Пендаровски дека се смееле на сексистички коментар за нивната кандидатка, Гордана Силјановска Давкова кој на митингот во Куманово го кажа поддржувач на Пендаровски.

Поврзани новости