73
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.
Во западните делови од земјата ќе дува умерен, а повремено и засилен западен ветер, додека во источните предели ќе преовладува северозападен ветер со умерен до повремено силен интензитет.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 степени, а дневната ќе достигне од 28 до 37 степени.