Сомнителни пакети со експлозивни направи испратени до Обама, Клинтон и Си-Ен-Ен

by fokus

Сомнителни пакети со експлозивни направи биле испратени до домови на поранешни американски претседатели и на њујоршкото дописништво на Си-Ен-Ен.

Пакетите се пресретнати и однесени за уништување, изјавија официјални лица. Нема извештаи за повредени.

Си-Ен-Ен објави дека пакетот во нивната канцеларија за прием на пошта бил адресиран до поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, критичар на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и коментатор на тој медиум.

Пакетот испратен до поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, поранешен претседател на САД, Бил Клинтон бил пресретнат пред нивнмиот дом во Чапакуа во Њујорк.

Пакетот испратен до поранешниот американски претседател Барак Обама бил испратен во неговата канцеларија во Вашингтон, соопшти Тајната служба.

Дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк е евакуирано.

Поврзани новости