Рамчиловиќ: Може да се очекува и зголемување на бројот на пратеници кои ќе дадат поддршка

by fokus

Пратеникот избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зеќир Рамчиловиќ, кој гласаше за потребата од уставни измени, вечерва на 1 ТВ изјави дека доколку процесот се одвива како што треба, тогаш може да се очекува и зголемување на бројот на пратеници кои ќе дадат поддршка.

-Настаните покажаа дека нема доволен демократски капацитет во раководстовото на ВМРО-ДПМНЕ, се оди од грешка во грешка и станува се поизолирана партија. Ова ние што го направивме е голем исчекор и пример за понатаму. Јас гласав по сопствено убедување и без никакви уцени и закани. Зависно од начинот на кој ќе се одвивива процесот, мислам дека може да се очекува зголемување на поддршката, рече Рамчиловиќ.

Поврзани новости