Секоја десета мајка води за рака дете кое во иднина ќе биде или бисексуалец, хомосексуалец или асексуалец. Со ова круто дефинирање на бракот во Уставот се дискриминираат 10 до 13 отсто од граѓаните на Македонија. Ова го изјави пратеничката Солза Грчева на денешната собраниска дискусија по уставните амандамани меѓу кои е и оној за дефирнирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена.
Грчева е против овој амандмам бидејќи како што вели оваа катергорија на граѓани се различни не по своја волја и не можат ако сакаат да ја сменат својата сексуална ориентација.
– Станува збор за генетика, не е нешто што некој го прави од забава. На времето еден врвен биолог ја напушти Македонија поради овие причини и потоа во САД заедно со неговиот тим ја освои Нобеловата награда. Ако останеше тука, можеби и ние како држава ќе се фалевме дека имаме нобеловец. Секоја година ни заминуваат талентирани млади поради оваа дискриминација – изјави Грчева според која овој уставен амандаман е неевропски и е цивилизациски чекор назад.
Грчева спореше со пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, лекарот Андон Чибишев за кого рече дека му се чуди бидејќи е медицинско лице што го поддржува овој амандаман и ги дискриминира бисексуалците и хомосексуалците. Според Чибишев тој никого не навредил и оваа дефиниција ја има во многу европски земји кон кои ние како земја се стремиме.
За овој амандамн е и пратеникот Павле Трајанов, меѓутоа тој ја повика опозицијата преку јавната расправа да се вклучи во уставните измени бидејќи „некои решенија заслужуваат посериозна анализа“.