Сакале да пренесат 100.000 долари преку граница

by Фокус

Цариниците утрово на Меџитлија спречиле обид за нелегално изнесување на 100.000 американски долари од државава.

Утрово за излез се пријави автомобил управуван од македонски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, возачот и патниците одговориле дека немаат ништо за пријавување, само еден од патниците покажал 1.000 долари за трошици по пат. Цариниците се посомневале и во чантата на патникот нашле уште 100.000 долари.

Согласно Законот за девизно работење, 2.700 долари (противвредност на 2.000 Евра, износ кој резидент слободно може да ги изнесе од државата) му се вратени на прекршителот, додека остатокот од 97.300 долари е привремено задржан. Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.

Поврзани новости