390
Владиниот предлог на замена постоечкиот со нов државен грб е напад на значаен симбол и придобивка од Народноослободителната војна, сметаат од Сојузот на борците.
„Актуелниот грб има хумана, општоприфатлива симболика, која ја отсликува Македонија со нејзините основни природни белези – планини, води, полиња, општото богатство со лисја од афион и тутун и многу сонце“, соопштија борците, додавајќи дека првиот државен и се уште важечки грб на земјава нема никаква идеолошка заднина.
Предлогот за нов државен грб претставува црвен лав на златна основа, со круна на врвот.