402
Државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година во областа на воспитанието и образованието ќе им се додели на Горан Ајдински, дефектолог и на проф. д-р Ратомир Гроздановски, теолог, библист и филолог, на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист – во областа на културата и уметноста, а во областа на здравството, наградата ќе ја добие Аспазија Софијанова, педијатар.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2015 во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.