Ќе нема плати и пензии?! Како е тоа можно за држава со најбрзо растечка економија во Европа?

by lali

Навистина, не можам да поверувам дека Македонија која е европски лидер по однос на поволностите и брзината за отворање фирма и држава што е лидер во Европа по рекорден број на странски инвестиции треба да си дозволи нови рекордни задолжувања?

Не знам, но да си прашам: Пензиите и платите да не ги решавате по равенките на Груевски, па нешто не ви излегува на крај? Или премногу да не трошиме на чоколади, патни трошоци, барок и фасади? Некаде мора да има грешка штом не излегува математика според фалбите за напредокот на Македонија и буџетот наменет за плати и пензии.

Викаат нема плати и пензии, а град Скопје ќе гради Луна парк од 6,5 милиони евра, панорамско тркало од 18 милиони? А бе знам, да не мешаме Скопје и држава, ама сепак.. дај Коце нека помогне малку.

Видете, лесно е да се задолжиш и да поделиш пензии и плати, тешко е што народ нема да остане и да успее да го плаќа и враќа тој долг. Но, ете, вие сте тие што си играте држава, па затоа правете што ќе правите, но со ништо не смеете да ја успорите Македонија во својот економски раст и просперитет, завиден за сите држави во светот. Бевме, сме и ќе останеме лидер!