481
Дури 300 набдлувучи на ОБСЕ ќе ги следат изборите и ќе ги пребројуваат гласовите во април, пишува оваа организација во нејзиниот последен извештај, што е 100-тина наблудувачи повеќе во споредба со изборите лани.
Од таму велат, дека ваквата одлука доаѓа поради напнатата и тензична политичка ситуација. Според ОБСЕ постои загриженост дека долгогодишните судири меѓу власта и опозицијата и намалената доверба во државните институции, може негативно да влијае врз спроведувањето на изборите.
За првпат оваа организација ќе биде директно вклучено во пребројувањето на гласовите по завршувањето на изборите.