Собраниетo наскоро ќе одржи надзорна расправа, на која ќе се дискутира за пропустите кои ги направиле институциите и органите на власта во делот на заштита од поплави, кои доведоа до катастрофални последици од невремето кое го зафати скопскиот регион на 6 август.
Ова следува откако Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство едногласно го прифати предлогот на пратениците од СДСМ за надзорна сообраниска расправа.
Датумот на расправата, како што инфомрира претседателот на Комисијата Панче Орцев од СДСМ, дополнително ќе биде одреден на координации.
Дотогаш, вели Орцев, ќе се разговара за листата на сведоци од кои ќе се бараат одговори дали биле спроведени сите законски обврски од посочените области со кои би можело да се превенираат случувањата од 6 август.
За ВМРО-ДПМНЕ катастрофата која се случи во скопско и тетовско е последица на временска непогода. Тие иако ја прифатија иницијативата, сметаат дека СДСМ преку барањето на оваа расправа собира политички поени.
Согласно Деловникот, надзорна расправа треба да се одржи најдоцна за 10 дена од донесувањето на одлуката за најзино одржување, а потоа ќе треба да се донесе заклучок кој го усвојува Собранието.