ДИК го усвои извештајот со спорни гласачи, избришани над 30 илјади лица

by fokus

Државната изборна комисија едногласно го усвои Извештајот за списокот со спорни гласачи и тврди дека бројките се реални.  Според нив, своето право на глас на јавниот повик не го докажале 30.467 лица од вкупно 39.502 лица  и тие ќе бидат избришани од Избирачкиот список.

За разлика од нив, речиси девет илјади граѓани, или 20 отсто од спорните гласачи,  ја пополниле електронската апликација, или, пак лично ги посетиле канцелариите на ДИК за да ги ги корегираат своите податоци.

Членовите на ДИК велат дека направиле се за да ги мотивираат гласачите да се пријават, но и се правдаа дека активната регистрација секаде е осудена на  мал одзив и дека тие сработиле се што се барало од нив.

Од првично  спорни 39.502 записи ДИК по неколку основи елиминирала 113 лица, по што на активна регистрација биле повикани 39.389 гласачи, од кои се пријавиле само 8.922, а 21 пријава не била прифатена, од останатите 30.467 за 20  биле констатирано дека се починати.

Поврзани новости