Собранието последна мета: Ќе се чаталиме до слобода!

by fokus

Демонстрантите за крај на вечерашните протести го активираа катапултот пред Собранието и одново го офарбаа. Неговата фасада, која градските власти вчера ја миеја од шаренилото, вечерва пак „блесна” во боите на Шарената револуција.

Демонстрантите пред Собранието ја  рецитираа и „Молитва“ од Блаже Конески.

Претходно пак, граѓаните ја исшараа фасадата на Министерството за правда, а пред канцеларијата на Ѓорге Иванов напишаа „Фикус низаеден!”.

Од метата на Шарената револуција не куртули ни Владата, која вечерва прва се најде на метата на катапултот.

Главно мото на вечерашниот протест беше „Ќе се чаталиме до слобода”, со што демонстрантите потсетија на синоќешното приведување на возачот на комбето на Шарената револуција и запленувањето на нивната „муниција”.

Поврзани новости