НОВО: Уште една успешна МЕГА СУПЕР ГИГА акција на МВР под палката на Чавков!

by lali

Денес, околку 16 часот, полицијата влезе во едно од скопските основни училишта и на час по ликовно заплени 11 темперни и 7 водени бои од учениците. Извештајот вели дека четките не беа запленети.

Оваа акција со кодно име „Разредувач“ беше спроведена по наредба на министерот Чавков кој откако стана министер за внатрешни работи бележи невидени позитивни и повеќе позитивни резултати во борбата со шаренилото.

После оваа успешна акција, МВР поднесе и предлог барање до Министерството за образование да ја забрани наставната програма по ликовно во училиштата затоа што предизвикувала инспирација за учество во Шарената револуција која според владините медиуми е револуција на хулигани и секташи.

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости