Собранието оваа седмица ќе одлучува за предлог-мерките за заштита од Ковид-19

by Fokus

Предлог-мерките за заштита од Ковид-19, како што е задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири се веќе доставени во Собранието. Се очекува оваа седмица пратениците да ги изгласаат потребните измени во Законот за заштита од заразни болести и истите да се реализираат.

Министерот за здравство, Венко Филипче, појасни дека очекува оваа недела да се изврши амандманска интервенција во законот и дека за кратко време овие мерки да бидат донесени.

Поврзани новости