За мнозинството пратеници во Собранието неприфатлив е предлогот, за големите кредити кои ги зема Владата да има собраниска расправа, со која би се зголемила транспарентноста и контролата за што се трошат парите.
Парламентот нема одлучува за владините задолжувања поголеми од 100 милиони евра, како на пример за еврообврзницата.
Ова го предложи Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, потенцирајќи дека не може без транспарентна постапка и стратегија да се зголемува јавниот долг на државата.
Него го поддржа и опозицискиот СДСМ, од каде порачаа дека не може да се остави Владата да се позајмува за градење на непродуктивни проекти.
Сепак, пратениците од власта ги отфрлаат овие предлози, со образложение дека ограничување на задолжувањата е непотребно. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека стратегиите за финансирање и водење на политиките ги добиваат и спроведуваат тие што ќе победат на избори.