Манчевски: Рано е да се каже дали ќе има избори

by fokus

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција рече дека се уште е прерано да се каже дали се исполните условите за фер избори, бидејќи како што рече, тоа останува да го проценат четирите партии на лидерска средба.

– Избори можеше да има многу порано, доколку се извршеше прочистување на избирачкиот список и реформа на медиумскиот простор, зависеше од Никола Груевски. До сега се одложуваа само заради него – додаде Манчевски.

Манчевски денеска побара авансниот надомест  за поплавените семејства да се зголеми од 30.000 на 90.000 денари. За да се обезбедат овие пари, тој побара под итно да запре изградбата на панорамското тркало, кое чини 18 милиони евра, кулата на Водно, која чини 12 милиони евра, и барокните фасади во Скопје.

Поврзани новости