661
Попладнево се очекува распуштање на Собранието, предлог инициран од СДСМ, а условен од ВМРО – ДПМНЕ – прво да се донесе буџетот за идната година.
Спикерот Трајко Вељаноски, минатата недела изјави дека парламентот ќе се распушти откако ќе биде изгласан буџетот за 2017 година. Собраниската расправа за буџетот може да трае до пет дена, но на кординација кај собранискиот спикер било договорено сепак денеска да се случи распуштањето на парламентот, без долги и исцрпувчки дебати.
Нашите извори велат дека е можно изненадување со предлог за решавање на спорната шеста изборна единица, а законските измени за заштитените сведоци и за продолжување на мандатот што ги бараше обвинителството на Катица Јанева не се предвидени на собраниската расправа.