Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат за повеќе предлог-закони по скратена постапка.
Дневниот ред се очекува да се дополни со точката за Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за импичемнт на Иванов која пратениците на комисија ја изгласаа во петокот.
По изгласување на одлуката од страна на Собранието, комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на Собранието, а пратениците ќе треба да го изгласаат.
Освен тоа, Собранието ќе расправа за интерпелацијата за работата на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Олга Најденовска.
Иницијативата ја поднесе пратничката група на СДСМ во февруари, со која се бараше Најденовска итно да биде разрешена од функцијата претседателка на Комисијата за образование, наука и спорт.